Услови на користење

Користењето на оваа веб страница значи дека сте запознаени со наведените УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ доколку го користите било кој дел од нашата веб страна, како и дека прифаќате дека користењето на оваа веб страна е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.

 

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа апликација.

 

Општи одредби

Даманн ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали). Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабоко поврзување, или на друг начин модифицирање на овој веб-сајт без изречна писмена согласност на Даманн е строго забрането. 

Оваа веб страна е наменета за користење во Република Македонија и не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа веб страна се соодветни или достапни за користење надвор од Република Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Доколку одлучите да пристапите на веб страна надвор од Република Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.

Го задржуваме правото за промена и дополнување на овие услови во било кое време. 

  

КУПУВАЊЕ СО ДОВЕРБА

Креирање на налог

За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница, може, но и не мора да бидете регистриран корисник. Процесот на купување и на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци. Со цел да ја започнете регистрацијата кликнете ОВДЕ, а потоа Ви се отвараат полиња каде што е потребно да ги внесете Вашите лични податоци. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ, со што Вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето.

Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секој нареден пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот профил.

                   

Содржина на кошничката

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничка, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи избрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или да го зголемите нивниот број.

*Производите додадени во кошничка не се резервираат.

Нарачување на производи од кошничката

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е на страницата во горниот десен агол да кликнете на полето кошничка. По проверка на нарачаните производи и на нивните величини кликате на полето "Плаќање",  потоа потребно е да ги внесете Вашите точни лични податоци и да одберете начин на плаќање.

*Напомена – доколку вкупниот износ на производите во кошничката е под 2.499 денари, испораката е на трошок на купувачот е во износ од 150 денари.

Плаќање

За да купите производи преку сајтот, во моменто достапен е еден начин на плаќање - плаќање по испорака во готово.

Сите цени кои што се објавени на сајтот се прикажани со вклучено ДДВ.

*Плаќање со платежна картичка ќе биде достапно наскоро 

Плаќање по испорака:

Се плаќа на курирот, веднаш по испорака на Вашата пратка, исклучиво во готовина во македонски денари.

Достава

Курирот ја доставува пратката до одредената адреса на купувачот во периодот од 09:00 до 16:00 часот. Ве молиме во моментот на доставата да обезбедите лице кое ќе биде присутно за подигнување на нарачката на адресата која ја имате приложено. Доколку курирот не успее да Ве пронајде на адресата, тогаш повторно телефонски ќе Ве исконтактираат на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака.

Рокот на испорака е од 2 до 4 работни дена. Во периодот на сезонските намалувања и попусти и во период на зголемен обем на нарачки, испораката може да биде пролонгирана за неколку дена од одредениот рок за достава.

Трошоци за достава

  • Цената за достава на производи над 2.499 денари е бесплатна.
  • Цената за достава на производи под 2.499 денари е 150 денари

 

РЕКЛАМАЦИИ

Производот кој што е нарачан онлајн и е доставен од страна на курирската служба, потребно е да го проверите веднаш по приемот и доколку истиот има видливи оштетувања, како искинати делови веднаш пријавете на е-маил contact@damann.mk.

Со цел да се процесира рекламацијата потребно е да ни испратите е-маил со следните информации:

- Број на нарачка.

- Шифра и величина на производот што сакате да го рекламирате.

- Опис на проблемот што го имате и слика од оштетениот производ.

Рекламацијата без потребните информации се смета за некомплетна.

Пријавувањето на производ кој што е ошететен потребно е да го направите во рок од 24 часа од приемот на пратката. Производот треба да биде спакуван во неговото оригинално пакување со етикета, декларација и истиот не треба да е носен и/или перен.

  

ПОТРОШУВАЧКИ ПРИГОВОРИ

Вашите приговори и забелешки може да ни ги доставите на contact@damann.mk.

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

Повеќе информации за заштита на приватноста на податоците може да прочитате овде.

ПРАВА НА КОРИСНИЦИТЕ 

Корисниците имаат право да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци, како и имаат право да побараат пристап, исправка или бришење на личните податоци, ограничување на обработката на нивните лични податоци или да поднесат приговор.

Корисниците имаат право во секое време да ги повлечат дадените согласности во врска со обработката на нивните лични податоци.

СОГЛАСНОСТ И ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ

Користењето на нашите услуги подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. Се обврзуваме дека ќе се придржуваме до сè претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа веб страница.