Политика на приватност

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Нашата политика на приватност содржи информации за добивање, обработка и употреба на лични податоци добиени од страна на корисниците кои ја посетуваат или користат нашата веб-страна.

ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ

Со цел да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса за доставување, е-маил адреса и телефонски број. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката. Се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само наведените основни податоци за купувачите (корисниците) кои се неопходни за постапување по нарачките и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. Во случај на враќање или замена на производи ги обработуваме податоците кои се неопходни за постапување соодветно на барањето на купувачот.

Во дополнување на претходно споменатите информации, собираме, анализаме и обработуваме информации за производите што нашите корисници ги пребаруваат и нарачуваат, како и за страници кои тие ги посетуваат. Со цел подобрување на нашата веб страница, вклучувајќи го нејзиниот изглед и понудата, ги користиме овие податоци. Исто така, овие информации ни помагаат да обезбедиме полесен и безбеден процес на купување за нашите посетители.

СОГЛАСНОСТ НА УСЛОВИТЕ

Користењето на нашите услуги подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. Се обврзуваме дека ќе се придржуваме до сè претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа веб страница.